На сите ни се има случено: по пасивен период и заседнат начин на живот, амбициозно влегуваме во фитнес сала и трошејќи ја и последната капка енергија, вежбаме до исцрпување. Се враќаме дома задоволни со мислата „беше тешко, но успеав" и слатко заспиваме. Лошата страна на исцрпното вежбање доаѓа наредниот ден, кога болката во мускулите ќе нè потсети дека требало навреме да си ја скротиме амбициозноста и постепено да го зголемуваме интензитетот на вежбите.