Не се загрижувај! Кога ќе имате дете, ќе се зближите повеќе", „Откако ќе заврши медениот месец, збогувај се со возбудливиот секс", „Кога ќе стапите во брак, тој ќе се смири и ќе стане поодговорен", „Честите расправии се сигнал дека сте на пат кон развод", „Ако се сакате, ништо друго не е важно"... Веројатно сте слушнале некое од овие тврдења и „совети" за бракот. Јасно е дека тие се многу распространети, но прашањето е колку вистина се крие во нив.