Лесно е да бидете мотивирани кога за прв пат започнувате нова работа. Тогаш возбудата е голема, а секоја нова задача ви е предизвик кој сакате да го совладате за да одите напред. Но, со текот на времето, често се случува работата да стане досадна и монотона, па да ја изгубите својата мотивација, а тоа води до намалување на продуктивноста. Мотивираноста треба да ви биде приоритет, затоа што само така ќе останете на вистинскиот пат кон успехот
Мотивацијата треба да ви доаѓа однатре. Се разбира, може да ве инспирираат и постигнувањата на другите или парите што ги заработувате, но за да стигнете далеку во животот потребно е да бидете силно решени да ги постигнете своите цели.